Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица.
Според Елмира Бакали претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавени 27, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица.
– Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени сите 27 избирачки места. Во единствениот избирачки список се запшани 18.318 лица со право на глас, што е за 88 лица помалку од последните избори, изјави Бакали.
Во општина Центар Жупа, немаше гласање на болни и изнемоштени лица, бидејќи до предвидениот рок не е добиена соодветна пријава за тоа.
– Во нашата општина на утрешниот Референдум ќе се гласа на 16 избирачки места. Во единствениот избрачки список се запишани 6.686 лица со право на глас што е за 124 гласачи помалку споредено со бројот на гласачи на последните избори, вели Еран Зубер, претседател на ОИК.
Зубер потврди дека и таму избирачкиот материјал е распределен и оти се е подготвено за утрешното гласање.