А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Гласаа една третина од пријавените гласачи во Атина

by А1он29/09/2018 - 13:21258
Share0

До 10 часо по локално време, во Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, една третина од пријавените гласачи веќе го остварија правото на глас на референдумот, јави дописничката на МИА од Атина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Гласачкото место број 5014 беше отворено во 7 часот утрово, по локално време, а вкупно 15 македонски државјани со регулиран престој во Грција денес ќе го остварат правото на глас на референдумот.

Во Солун, пак, нема да има гласање поради неостварената квота од 10 пријавени лица за отворање гласачко место.

Гласовите ќе се пребројуваат денеска, веднаш по затворањето на гласачкото место.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ова е вторпат да се спроведе гласање во Канцеларијата за врски, првиот пат македонските државјани кои живеат во Атина, гласаа на парламентарните избори во 2011 кога беа пријавени 18 лица.

Дописничката на МИА од Атина го следи гласањето во македонската амбасада и ќе известува за излезноста во текот на денот.

referendum

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 13:15

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Горан Наумовски30/09/2023 - 15:16

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов10/10/2022 - 13:2510/10/2022 - 13:32

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска13/09/2022 - 18:3314/09/2022 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто