Селекторот и тренерот на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), Венцислав Недев и Дејан Недев, денеска и утре ќе учествуваат на ЈКА карате семинар во Берлин.
Карате семинарот е под водство на Сенсеи Такенори Имура 8 дан.
Како што информираат од МТКФ, Сенсеи Имура важи за еден најдобрите светски карате инструктори кој бил повеќекратен шампион на Јапонија и асистент на големиот светски карате мајстор и основач на ЈКА сенсеи Масатоши Накајама.