Видео снимка што прикажува групно силување на плоштадот Тахрир во Каиро укажува на хоророт низ кој поминуваат политичките активистки на протестите во Египет.
Активистките велат дека исламистичките силувачи се обидуваат на овој начин да ги дискредитираат протестите.
Египетските активисти објавија шокантна видео снимка, на која се гледа како една група мажи силуваат жена на плоштадот Тахрир во Каиро.
Минатата недела имаше повеќе напади на жени демонстрантите, од кои најмалку 20 беа жртви на сексуално злоставување.