Еден убиен, а двајца се тешко повредени, кога од возило во движење, непознати лица пукале кон друг автомобил, ноќеска околу еден часот по полноќ, на улицата „Рузвелтова“ во центарот на Скопје.
Според медиумите, бркотница на двата автомобили започнала по семафорите на крстосницата со „Партизанска“, по што продолжила до наредната крстосница со „Орце Николов“.
Вооружената пресметка се случила во близина на објекјтот на СЈО. Изрешетаното возило застанало пред кафулето „Галери“.
Според извори од истрагата, убиен е 44-годишниот Н.А. кој починал од тешки повреди на самото место, а други двајца сопатници во возилото „сеат алтеа“ Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила биле пренесени во Ургентниот центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.
Детали за ова се очекува МВР да соопшти денеска.