Каратистите на Макпетрол ќе учествуваат на еден од најсилните европски карате турнири Кроација Опен 2018 во Риека, Хрватска.
Турнирот ќе се одржи од денес до 30 септември и на него ќе учествуваат 1.908 каратисти од 25 држави.
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изјави дека неговите избраници подготвени одат во Риека.
– Овој турнир претставува почеток на есенската сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега од причина што каратистите на Макпетрол се подготвуваат за три големи натпреварувања кои следат во наредниов временски период а тоа се: Светската 1 Премиер лига, Светското првенство и Државното првенство, вели Заборски.
Во составот на Металург на „Кроација Опен“ ќе бидат: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Моника Пендаровска, Анѓела Мојсовска, Абдурахим Идризи и Давуд Рамадановски.