Почна предреферендумскиот молк

Од:

Од полноќ започна молкот за референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.

Вчера завршија сите активности на учесниците во кампањата.

Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот почнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Референдумот ќе го надгледуваат околу десет илјади македонски и речиси 500 странски набљудувачи.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска