(ВИДЕО) Кукан: Ги повикувам граѓаните в недела да го искажат своето мислење

Од:

Во видео порака до граѓаните на Македонија, европратеникот од европската десница, ЕПП, ги повика граѓаните да гласаат в недела и да го поддржат Договорот со Грција.

– В недела луѓето во Македонија ќе гласаат за иднината на нивната земја, за европската иднина на нивната земја. Ова е навистина историски миг и ги повикувам сите во земјата да излезат и да го искористат своето права да дадат мислење за иднината на Македонија. Не само тоа, затоа што позитивните гласови ќе го расчистат патот и забрзаат патот кон европските структури, за да ги исполнат амбициите на македонскиот народ, мислам дека треба да ја искористат оваа можност, треба да учествуваат во референдумот и да дадат глас “за“ за да ја обезбедат својата европска иднина, порача Кукан преку видео порака.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција