Турција: Ние не губиме ништо, губи ЕП 2024

Од:

Министерот за спорт на Турција, Мухарем Касапоглу изрази разочарување дека земјата не ја добила организацијата на Европското првенство во 2024-та година, но истакна дека „загубата не е за нашата земја, туку за ЕП 2024“.

Извршниот комитет на УЕФА одлучи домаќин на шампионатот по шест години да биде Германија, откако трикратниот европски шампиони доби 12 гласа наспроти само 4 за Турција.

– Од гледна точка на УЕФА и ЕП 2024 тажно е дека нашата земја не доби право да биде домаќин, и покрај сите наши квалитети. Јасно е дека од организациска гледна точка нашите стандарди и квалитети се на високо ниво. Квалитетот и новините на нашите стадиони се очигледни. Во таа смисла, ние не изгубивме ништо како земја, ЕП 2024 загуби од гледна точка на искуство и гостопримство, прокоментира кратко Касапоглу, цитиран од турските медиуми.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска