(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Ѓорче Петров Наумовски ја додели наградата „Ѓорче Петров“ на член на СДСМ, кој не ни аплицирал

Од:

Уште еден скандал од градоначалникот Александар Наумоски. Откако избегна да каже колку чини забавата за денови на општината, Наумоски повторно во својот препознатлив стил ја додели годишната наградата „Ѓорче Петров“ која се доделува секоја година на граѓани кои со својата општествена работа ја афирмирале општината, рече Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

– По отворениот конкурс за пријавување на заинтересираните, на 10.09 овој месец се состанува Комисијата за награди и признанија при Советот на општината, каде што констатира дека е пристигната само една пријава која е составена од наставник и ученик за настап и висок пласман на државен и меѓународен натпревар по математика. Комисијата едногласно ја прифаќа пријавата и дава предлог тимот составен од наставникот и ученикот да ја добие годишната награда „Ѓорче Петров“ заради висок пласман на натпреварите по математика. Но тоа за жал, не беше во плановите на градоначалникот Наумоски, рече Апостолоски.

Тој додаде оти два дена подоцна, на 12 септември по негов налог повторно се состанала комисијата за награди и признанија на која присуствувале само членови од советничката група на СДСМ и ја поништиле проводонесената одлука.

– Градоначалникот Наумоски иако имал одлука од Комисијата за награди и именувања за доделување на наградата на единствениот кандидат кој со уредна документација се пријавил на огласот тој повторно ја свикал Комисијата и без присуство на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, одлучува да ја поништи прводонесената одлука и наградата да ја додели на Васил Толески, поранешен член на СДСМ и поранешен кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од истата партија, кој воопшто нема аплицирано. За скандалот да биде уште поголем градоначалникот Наумоски вели дека пријавениот ученик, несудениот добитник бил премлад за оваа награда и доволна ќе му била доделената плакета за првенец на генерација. По скандалот со исхраната на учениците, каде што илјадници ученици се уште немаат оброци во основната и целодневната настава, ова е уште еден стимул за образованието во Ѓорче Петров. Го прашуваме Наумоски, дали критериум за добивање на годишните награди и признанија на општината Ѓорче Петров, стана партискиот ангажман во СДСМ?, праша Апостолоски.

Би можело да ве интересира

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски