Кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Долнени

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(57) од Прилеп и правното лице ДООЕЛ „ПЕЛА ТРАНС“-село Мажучиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно –приватно партнерство“.

На 10.12.2014 година М.С. градоначалник на општина Долнени, соопшти денеска МВР, донел одлука за јавна набавка за изградба, одржување реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и мостови во општина Долнени, во вредност од 15.776.000 денари.

– По распишување на јавната набавка, пријавеното правно лице основано од пријавениот, во прилог на тендерската документација, приложило уверение со невистинита содржина за платени даноци и придонеси, со што извршиле злоупотреба на постапката, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец