Изгоре дел од куќа во село Баница, двајца полесно повредени

Од:

Во пожар кој избувна во куќа во селото Баница, во близина на Струмица, целосно изгоре една соба, а двајца жители на селото се полесно повредени и се пренесени во Струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица.

Пожарот избувнал околу 12 часот во просторијата која е изгорена, но со брза интервенција на пожарникарите не е дозволено тој да се прошири на целата куќа.

Според информации од ТППЕ Струмица, двајцата жители кои се полесно повредени најверојатно се обиделе да го гаснат пожарот и притоа се здобиле со изгореници од полесен степен.

Денеска избувна пожар и на отворено кај селото Сушево, при што е зафатена поголема површина на стрниште.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски