„Зачекори напред“ ги повикува граѓаните да го искористат своето право на глас

Од:

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, денеска при завршувањето на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“, ги повикува граѓаните на 30 септември да излезат и да го искористат своето право на глас, за едно од најважните прашања во поновата македонска историја.

Граѓанската иницијатива во изминатите три недели, на граѓаните им овозможи пристап до релевантни информации за придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО, како и за договорот со Грција.

Исто така, повикува граѓаните да го прочитаат Договорот од Преспа и дополнително да се информираат за сите детали врзани за референдумот.

На интернет-страницата на иницијативата „Зачекори напред!“, (zacekorinapred.mk), граѓаните можат да најдат детална анализа на најважите членови од Договорот во Преспа, да прочитаат бројни информации и анализи од сферата на економијата, здравството, земјоделството, владеењето на правото, заштитата на човековите права, образованието, животната средина, како и да ги пронајдат одговорите на најчесто поставуваните прашања за ЕУ, НАТО и Договорот.

Сите овие информации ќе им помогнат на граѓаните подобро да се информираат и врз основа на тоа да изградат сопствен став и да донесат сопствена одлука.

Носители на граѓанската иницијатива се: Фондација Отворено општество – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум (МОФ), Цивил – Центар за слобода, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Рурална коалиција, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Центар за современи уметности.

Би можело да ве интересира

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Мицкоски: Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Талат Џафери, референдум мора да има

Катерина Ѓуровски

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска