Ахмети од Врапчиште: На 30 септември референдумот ќе биде успешен

Од:

Демократската Унија за Интеграција одржа собир со граѓаните во Општина Врапчиште, каде од жителите на селата што припаѓаат во ова општина се побара на 30 септември да гласаат ЗА Македонија во НАТО бидејќи станува збор за заедничка иднина на граѓаните на ова земја.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека треба да се соберат сите сили, позиција и опозиција бидејќи ова е заеднички проект за членство во НАТО и Европска Унија.

„Верувам дека на 30 септември, овој референдум ќе биде успешен. Има и скептици што велат дека нема да биде успешен. На 30 септември ние повикуваме да гласаме за договорт што се усогласи заедно и вратите се отворени за членство во НАТО и Европска Унија. Откако ќе се објави овој договор во службен весник почнува ратификацијата на овој договор во грчкиот парламент и почнува ратификацијата на барањето за членство на Македонија во НАТО. Во јуни следната година започнуваат и преговорите за членство во Европска Унија”, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција, главниот завршен собир ќе го одржи за време на утрешниот ден во Тетово, со почеток во 19.00 часот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска