(ВИДЕО) Мисајловски: Граѓаните за СДСМ се само статистика

Од:

Од една страна слушаме владини претставници велат дека независно колку граѓани ќе излезат они сепак повторно ќе продолжат во Собрание. Прашањето е дали тие ги сметаат граѓаните само за статистика. Од друга страна доколку не е важно за нив, зашто овие сите пари што се фрлени односно се употребени за кампања, зашто со тие пари не се изградени градинки? Зашто со тие пари не се изградија болници? Зашто навистина не беа за граѓаните? Ако не ги интересира мислењето на граѓаните зашто толку кампања толку многу средства се потрошија само за да граѓаните изиграваат статистика, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се надевам дека оваа влада ќе почне да работи. Оваа влада е поставена само за едно прашање за да спроведе се она што државата го има, што е вековно, што е национално. Поставена само за лоши работи.Конечно некој да почне да работи, денеска можеме да видиме дека капиталните инвестиции ги нема. Дека има пад во економијата како никогаш до сега. Ништо не се работи, се кочи, а слушаме изборни ветувања. Слушаме повторно како ќе покачувале пензии. Слушаме како повторно се нешто подобро ќе направеле, а забораваат дека се они влада, рече Мисајловски.

Тој рече дека тие заборавиле оти пред година и пол ветиле многу работи, што не се остварени.

– Затоа ќе им порачам доста го лажете македонскиот народ и фатете се за работа, а од друга страна Македонија ќе биде вечна и граѓаните подобар живот но навистина оној што и следува, а не со лаги и манипулации, рече Мисајовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он