Наскоро на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи 24-часовен маратон во програмирање – Codefest.
Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа за помош во организацијата на настанот. Настанот е од натпреварувачки карактер, а благодарение на бројните спонзорства за најдобрите се предвидени и вредни награди.
Codefest ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во сабота на 16-ти февруари 2013, со почеток во 12:00 часот, а ќе заврши по истекувањето на 24 часа, во недела на 17-ти февруари, кога ќе бидат прогласени и победниците.
Настанот ќе биде менторски покриен од неколку Microsoft експерти, кои ќе ги поддржуваат и ќе им помагаат на учесниците да стигнат побрзо до реализација на нивните идеи.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават на следниот линк: http://uistcodefest.eventbrite.com/, а правилата за учество на настанот можат да се проследат на http://tinyurl.com/aluth8x.