Можни одрони на повеќе патни правци, намалена видливост кај Страцин

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка и Стража, но, не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Според ЈП „Македонија пат“, намалена видливост до 100 метри поради магла има кај Страцин. По клисурите и засеците е можна почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он