(ВИДЕО) Кирацовски: Како генерација в недела имаме обврска да и помогнеме на Македонија да тргне напред

Од:

„Денес заедно со моите колеги сме во пелагонискиот регион во општина Могила, општина Новаци и општина Битола, се со цел масовно да ги поттикнеме граѓаните да излезат во недела и да гласаат ЗА европска Македонија.

Во недела се соочуваме со историска одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и избор дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината“, рече Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Република Македонија и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.

„Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација.

Клучен чекор за тоа е референдумот во недела.

Во недела, секој глас ЗА носи подобра иднина на нашите деца.

Што и да направите во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата. Што и да направиме во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца врз идните генерации.

Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас.

Недела не е ден за седење дома, недела е ден во кој се носи историска одлука.

Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно и достоинствено да гласаме ЗА интеграција и напредок, да гласаме ЗА подобра иднина за нас и за идните генерациите.

Во недела сите заедно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија“, изјави Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Република Македонија, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Мицкоски: Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Талат Џафери, референдум мора да има

Катерина Ѓуровски

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска