Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира“ имаше митинзи во општините Крушево, Кривогаштани и Прилеп.
„Општ впечаток на средбите беше дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот.
Граѓаните изразија голем револт од капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ.
Притоа, говорниците како дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите. Дури веќе се служат со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека ако се избришене како македонци во Македонија ќе потече мед и млеко“, се вели во соопштението на „Македонија – Бојкотира“.
„Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат. Не им било лесно и нашите револуционери во минатото кои можеле да си седат дома и да не се борат. Но, така ќе ја немаше Македонија.
Нашата борба е исправна, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа нашата заедничка одлука за бојкот и не излегување на референдумот на 30 септември ќе овозможи Македонија да победи“, беше истакнато меѓудругото од говорниците на Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб, Страшко Олумчев претседател на „Македониум“ и Јанко Бачев лидер на Единствена Македонија.