Во Делчево 75 лица на референфумот ќе гласаат во домашни услови

Од:

Во Делчево во тек се активностите за успешно организирање на постапката за гласање на претстојниот рефефендум

Според информациите на Општинската изборна комисија од 99 пријавени болни, 75 болни и изнемоштени ќе гласаат во домашни услови. На 24 лица барањата се одбиени.

– Општинската изборна комисија како и во сите општини утре ќе го прими доверливиот материјал за референдумот кој ќе се одржи в недела на 30 септември. Се уште се прави пресек на точниот број на граѓани со право на глас така што точната бројка на гласачи ќе биде соопштена во текот на утрешниот ден. Она што се знае е вкупната бројка на лица кои ќе гласаат во домашни лица. По поднесени 99 пријави за гласање на болни и изнемоштени лица, 24 од нив се одбиени што значи дека в сабота во домашни услови ќе гласаат 75 болни, информираше Владимир Петровски од ОИК Делчево.

Како што извести Петровски избирачките одбори во Делчево веќе се формирани и заедно со членовите на избирачкиот одбор за денеска се закажани едукативни предавања за текот на референдумскиот процес.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска