Новинарите вработени во грчките државни медиуми и локалните медиуми денеска се во 24-часовен штрајк кој го организира Сегрчката федерација на новинарски синдикати (ПОЕСУ).
Штрајкуваат вработените во државната радио-телевизија ЕРТ, во државната агенција АНА-МПА, генералниот секретаријат за информации, радио станиците „Атина 98,4 ФМ“, „Канал 1 90,4 ФМ“, „Епикинониа ФМ“, а нема да работи ниту собранискиот телевизиски канал.
ПОЕСУ бара потпишување на колективни работнички договори, да запрат отпуштањата во атинското локално радио на 98,4 ФМ, како и заштита на независноста на новинарите. Штрајкот почна во шест часот утрово и ќе трае до шест часот утре.