Меѓународна младинска конференција во Крушево

Од:

Младинскиот сојуз од Крушево по 16-ти пат ја организира меѓународната младинска конференција насловена „Европски вредности за иднината на југоисточните европски земји”.

Конференцијата ќе се одржи од денеска септември до 1 октомври во Крушево во соработка со Фондација Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, како и со поддршка од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа преку Германска амбасада Скопје, програмата „Цивика Мобилитас“ и Агенција за млади и спорт.

Конференцијата ќе биде свечено отворена денеска во 18.00 часот и ќе присуствуваат 58 активни младински лидери од 16 земји, и тоа од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Косово, Црна Гора, Италија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција. Тие ќе дискутираат во Крушево за тоа како младите лидери може да го поддржат процесот на Евроатланската интеграција на регионот. Конференцијата ќе резултира со препораки и предлози за промоција на Европските вредности, насочени кон лидерите и младите луѓе од регионот.

На конференцијата, меѓу другите, треба да говорат: Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија, Ранко Остојич, поранешен министер за внатрешни работи на Република Хрватска, Мерсиха Смаиловиќ активист за човекови права и Дејан Јовиќ, професор по политички науки во Загреб.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Христоски: Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Притвор за крушевчанец – две години ја демнеше поранешната сопруга

А1он

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски