Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска иранската криза да биде уредена со „дијалог и мултилатерализам“.
Тој го упати повикот на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк по говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој апелираше за „изолирање на иранскиот режим“.
– Едностраниот пристап за уредување на меѓународните дела е нeшто што води кон конфликти и конфронтација по принципот секој против секој и на штета на сите, нагласи францускиот претседател.
Тој се изрази позитивно за договорот за иранската нуклеарна програма, од кој САД излезе минатата година.