Од Либан, од почетокот на годината, се вратиле 50.000 Сиријци дома, а бројот на повратници за година дена би можел да достигне 200.000, доколку Сиријците продолжат да се враќаат со ова темпо, изјави денеска висок либиски претставник.
Началникот на директоратот за Генерална безбедност Абас Ибраим рече дека неговата безбедносна агенција организирала враќање на 25.000 Сиријци во соработка со Дамаск.
Уште 25.000 сириски бегалци се вратиле дома во сопствена организација.
Порачувајќи дека Либан не може да прими број на бегалци кој е ист со четвртина либиско население, политичарите на таа земја ги повикуваат сириските бегалци да се вратат дома во моменти кога сирискиот претседател Башар ал- Асад го враќа под контрола на својата влада поголемиот дел на земјата.