Јурова бара „одговорност“ во медиумите и не исклучува нивно „регулирање“

Од:

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, побара од политичарите и медиумите да преземат одговорност во контекст на растечки национализам, расизам и дискриминација во Европа. Евркомесарката побара и да се размисли за можна регулација во медиумската сфера „доколку е потребно“.

Тоа се неколку од пораките на еврокомесарката од нејзин говор во Виена денеска, но тие предизвикаа реакции и прашања во новинарската фела, посебно во делот на „можна регулација“. Европската Комисија денеска не разјасни точно што би подразбирал таквиот потфат.

Јурова во својот говор зборуваше за „опасната верзија на национализмот„ која промовира омраза и поделби и порача дека не само екстремните, туку и традиционалните политички партии присвојуваат таква реторика се повеќе.

-Медиумите можат да изградат култура на дијалог или да сеат поделби, да шират дезинформации или да охрабрат исклучување, рече Јурова и го посочи Брегзит како пример за ваквата негативна реторика во медиумите.

Таа се осврна и на анти-Сорос и анти-ЕУ кампањите во Унгарија, како и протестите на екстремната десница во Германија.

Медиумите, оцени Јурова, се клучни во барањето одговорност од политичарите, но и во дефинирањето на границите на неприфатливото во едно општество.

Таа ја спомена можноста за регулирање на медиумската сфера и побара „европски пристап кон медиумите заснован на квалитетни регулации“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он