Движењето БЕСА на чело со претседателот Африм Гаши вчера одржа митинг во Сарај.
На присутните им се обратија пратеникот Реџеп Мемеди и Генералниот секретар Зејд Реџеп кои уште еднаш ја потенцираа важноста референдумот на 30 септември како историски момент кога се одлучува за иднината на нашите семејства и на државата.
Претседателот Африм Гаши пред присутните порача дека 30 септември е ден на голема историска одговорност кога сите ние заедно со нашите семејства, пријатели, масовно да го поддржиме референдумот и гласно да кажеме ДА на нашата европска иднина.
Понатаму претседателот Гаши напомена дека како Движење БЕСА сме решени за НАТИ и ЕУ и од моментот кога ќе станеме рамноправна членка ќе бидеме рамо до рамо со западноевропските земји и САД, земји каде владее правото, благосостојбата и економскиот развој.