Босанскиот национален совет ги повика Бошњаците кои живеат во Македонија да гласаат „за“ на претстојниот референдум и со тоа да ги отстранат сите препреки за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција.
– Со членството на Македонија во ЕУ и НАТО се стекнуваат основните услови за траен и стабилен мир, сигурност, соработка и доверба во регионот што е идеал на Бошњаците кои живеат на просторите на Западен Балкан. Со гласањето „за“ на референдумот на 30 септември 2018 година, граѓаните на Република Македонија се определуваат за стабилност и економски развој и напредок, се вели во соопштението од Босанскиот национален совет.