Министрите за одбрана на балканските земји утре ќе учествуваат на самит во Грац, каде домаќин ќе биде австрискиот министер Марио Кунасек.
На средбата, според најавите, ќе учествуваат министрите за одбрана на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Целта на средбата е Кунасек да ги информира балканските колеги за заклучоците од неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија во Виена, како и зајакнување на одбранбените капацитети на Балканот.
– Земјите од Југоисточна Европа се нашите директни соседи и затоа важно е да се ангажираме за стабилноста и безбедноста таму, изјави Кунасек.