Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони најави „последна голема изборна и политичка битка” и вети дека ќе ги намали даноците и трошоците на владата, доколку неговиот десен центар победи на изборите кои ќе се одржат на крајот од февруари.
Во говор пред своите приврзаници во Милано, Берлускони изјави дека само неговата партија „Народ на слободата“, може да ја спаси Италија од рецесијата и да ја врати довербата меѓу владата и граѓаните.
Берлускони изјави дека ќе го укине данокот на првата седница на владата и ќе ги врати веќе платените даноци.
Поранешниот премиер исто така ветил и дека владата на десниот центар ќе ги елиминира регионалните даноци на трансакциите во текот на пет години, нема да го зголемува данокот на додадена вредност „ДДВ“ и нема да воведува „данок на богатство”, за оние кои имаат големи приходи.
– Нема ништо што би го барал за себе. Сакам да ја водам последната голема изборна и политичка битка, изјави 75-годишниот Берлускони.
Изборите во Италија ќе се одржат од 24-ти до 25-ти февруари, а гледајќи ги резултатите од анкетите, најголема можност за победа има коалицијата на левиот центар.