Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во Скопје

Од:

Осумнаесетгодишен скопјанец загина, а две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила ноќеска, во 02:27 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ скопјанецот Д.К.(18) управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Момчето починало на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он