САД подготвуваат „серија активноси“ за наредните денови за да го зајакнат притисокот врз владата на Венецуела, изјави за Фокс њуз државниот секретар на САД Мајк Помпео.
– Ќе видите во наредните денови серија потези кои продолжуваат да го зголемуваат степенот на притисок против венецуелското раководство, кое директно работи против интересите на народот на Венецуела, изјави Помпео.
– Ние и натаму сме одлучни да обезбедиме дека Венецуелците ќе го добијат правото на глас, изјави тој.
Помпео не соопшти повеќе детали за природата на планираните активности.