Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак предвиде скорешно паѓање на режимот на сирискиот претседател Башар Асад, оценувајќи дека тоа ќе биде голем удар за Иран.
Барак оваа прогноза ја изнесе на собирот на највисоките светски дипломати и министри за одбрана во Германија, неколку дена по нападот на израелските воздухопловни сили, за кој американските официјални лица изјавија дека го погодил конвојот со противавионско оружје на Сирија, наменето за либански Хезболах.
Израел не е го потврди јавно нападот, како ни министерот за одбрана Барак.
„Хезболах од Либан и Иранците се единствените сојузници кои му останаа на Асад”, рече тој, истакнувајќи дека, според неговото мислење, падот на Асад „доаѓа наскоро“ и кога ќе се случи, тоа ќе биде голем удар за Иранците и Хезболах.
„Мислам дека тие ќе ја платат цената”, рече Ехуд Барак, пренесува Асошиетед прес.