Хашим Тачи за Косово, Борисов за блискоста со Србија

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска престојува во официјална посета на Софија, каде што домаќин му е неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Како што соопшти бугарската новинска агенција БТА, двајцата премиери разговарале за меѓусоседските состојби во регионот, и додека Тачи зборувал за суверенитетот на Косово, Борисов ја нагласил поврзаноста со Србија.

„Бугарија и Србија имаат добросочувани пријателски односи и Софија го поддржува Белград на патот кон ЕУ”, изјавил Борисов, изразувајќи надеж дека сите склучени договори ќе се почитуваат, а раните од војната ќе бидат заборавени.

Тачи изјавил дека „Косово е европска земја и има цел да се приклучи кон ЕУ што е можно поскоро”.

Бугарија уште во март 2008 година ја призна независноста на Косово, по консултацијата со Хрватска и Унгарија сите три земји, соседи на Србија, да го направат тоа истовремено.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина