Мухиќ: Владата на граѓаните им должи објаснување кои уставни промени следуваат по референдумот

Од:

Независниот пратеник Ферид Мухиќ за „А1он“ не сакаше да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името, како и дали ќе гласа за уставните промени кои следуваат по референдумот, но истакна дека Владата на граѓаните кои го даваат својот глас, им должи објаснување кои конкретно уставни промени би се случиле во Собранието на РМ.

-Не би сакал да кажам дали ќе го дадам својот глас на референдумот бидејќи сметам оти тоа може да биде истолкувано како повик да се излезе или не. Но, недопустлив пропуст е да не се најави конкретно за кои уставни промени станува збор. Граѓаните ќе го дадат својот глас на референдумот, но не знаат прецизно кои се уставните промени, Владата на граѓаните им е должна образложение кои се точно најавените уставни промени, вели Мухиќ.

Пратеникот исто така посочи дека ставовите кои досега ги кажал во Собранието и во медиумите се конзистентни и остануваат непроменети бидејќи од почетокот на кампањата за референдумот па до сега не видел ниту една причина да го промени своето мислење за Преспанскиот договор за кој патем смета дека е штетен за Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска