„Флора VS Фауна“ – изложба на современ накит

Од:

Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј од 26-ти до 30 септември, од 9 до 16 часот.

Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.

– Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска