Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка, „се затрескал“ на прв поглед, ѝ го зел и бројот, а кусо потоа му го украле телефонот, па сега очајно ја бара на интернет.
– На Ибица можеби ја запознав љубовта на мојот живот, но ми го украдоа мобилниот со нејзиниот број во него. Па доколку е тука некаде Стејси, 27-годишна козметичарка од Стоук која вози Мини, ја молам да се јави, напиша несреќниот Ден на Твитер, завршувајќи ја објавата со тажно лице кое плаче.
Разврската на оваа куса љубовна драма ќе ја дознаеме деновиве, доколку виртуелната порака стигне до Стејси и таа одлучи да го исконтактира вљубеното момче.