Научниците заклучија дека февруари е месец во кој најлошо спиеме, бидејќи ни се потребни дури осум минути повеќе од март за да заспеме.
Доколку во текот на февруари се чувствувате ненаспиено и уморно, треба да знаете дека не сте единствени.
Научните истражувања потврдуваат дека во вториот месец од годината во просек десет минути повеќе сме будни, во однос на кој било друг месец, а осум минути повеќе ни требаат да заспиеме.
Факторите кои во текот на овој месец влијаат на лошиот сон се краткиот ден, долгата ноќ и централното греење.