Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска одржа работен состанок со Амбасадорот на Република Унгарија во РМ, Н.Е. Ласло Иштван Дукс.
Градоначалникот Богдановиќ го запозна амбасадорот со работата и делувањето на општина Центар како дел од единиците на локалната самоуправа во Македонија.
На средбата, соговорниците разменија мислења и за актуелната политичка ситуација во која се наоѓа државата, како и за придобивките од членството на Македонија во ЕУ и важноста на референдумот како демократски инструмент за интегрирање во евроатлантските сојузи.
По состанокот, Богдановиќ и Дукс ги потврдија заложбите за унапредување на соработката помеѓу двете држави како на локално, така и на централно ниво.