Есенска акција за чистење во Кисела Вода

Од:

Во рамки на есенската акција за чистење, општина Кисела Вода спроведува активности за расчистување на отпадоците/сметот во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

– Утрово сезонските работници ангажирани од страна на Општината излегоа на терен и во моментов вршат расчистување на улиците, тротоарите и парковите кои се во надлежност на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од општина Кисела Вода.

Со оваа акција опфатено е кастрење на исушените гранки на дрвјата и грмушките, а покрај ова, се собира и кабаст отпад.

Активностите за чистење на урбаните заедници 11 Октомври – згради и бараки ќе продолжат да се одвиваат и утре.

Од општина Кисела Вода апелираат до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода