ЕУ одвои 10 милиони евра за јакнење на соработката меѓу локалната самоуправа и НВО на Западен Балкан

Од:

Зајакнување на капацитетите на локалната администрација и на граѓанскиот сектор за транспарентна соработка е приоритет на проектот за соработката на локалните власти и невладините организации на Западен Балкан, за кој Европската унија одвои 10 милиони евра, истакна министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на денешната регионална конференција за промовирање на локалната демократија во Западен Балкан.

Тој наведе дека станува збор за многу успешен проект што прво започнал да се имплементира во Босна и Херцеговина, а потоа, како што истакна, најуспешното нешто од проектот е тоа што успеа да се мултиплицира.

– Во 2017 година Европската унија оддели 10 милиони евра со цел проектот да стане регионален во сите шест земји од Западен Балкан, посочи Фазлиу.

Тој истакна дека главна цел на проектот е поуспешното финансирање од страна на локалните власти на локалните невладини организации.

– Околу 40.000 граѓани ќе добијат средства во 50 градови и општини во сите шест земји од Западен Балкан, изјави Фазлиу.

Министерот Фазлиу наведе дека проектот се спроведува од 2017 до 2020 година, а за него ќе биде распишан јавен оглас според критериуми кои ќе ги воспостави УНДП во однос на тоа кои невладини организации ќе ги добијат грантовите.

– На Западен Балкан има локални власти кои се соочуваат со проблеми поврзани со недостиг од човечки ресурси, недостиг од финансиски ресурси, меѓутоа и недоволно учество од страна на граѓанскиот сектор, истакна Никола Бертолини, претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Тој рече дека од искуството што го имаат со УНДП во БиХ виделе дека всушност проектот може да направи разлика и може да започне еден процес на пилотирање на подобра соработка меѓу локалните власти и граѓанскиот сектор.

– Суштината на овој проект е подобро и потранспарентно доделување на средства од локалните власти на организациите од граѓанскиот сектор, но исто така, од голема важност е и подигнувањето на капацитетите на вработените во локалната самоуправа, рече Бертолини.

Тој потенцираше дека локалната демократија започнува всушност од обезбедување на средства кои ќе можат да осигурат услуги за самите граѓани, а граѓанските организации, додаде, исто така треба да знаат како да учествуваат и како да го искористат овој процес.

– Навистина сме горди што сме партнери и што ја спроведуваме оваа програма во Македонија. Главниот елемент на оваа програма е да се зајакне и да се подобри соработката меѓу локалните власти и граѓанскиот сектор, а ние сметаме дека тоа е еден клучен елемент за постигнување на партиципарна демократија, нагласи Нарине Сахакијан, заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска