Скопјани ќе имаат можност да добијат градоначалник во првиот круг на претстојните локални избори. И тоа не е главната дилема. Тоа го знае и СДСМ. Кај нив битката е, не дали ќе победат, туку дали ќе влезат во вториот круг. Тоа го знае СДСМ, тоа го знаат и граѓаните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на денешната промоција на партискиот кандидат за градоначалинк на Скопје Коце Трајановски.
– Важно е да не му ги врземе рацете на Коце Трајанаовкси со Советот. Важно е силно да се поддржи листата на советници за тој да може да ги оствари ветените проекти. Ако нема поддршка од Советот, Трајановски не ќе може да ги оставри своите проекти, потенцира Груевски.
Тој ги повика скопјани дека ако сакаат сегашниот градоначалник Трајнаовски да биде исто толку успешен и поуспешен во наредните четиори години, не е доволно да го поддржат само него, треба да дадат поддршка на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“. Така Трајановски ќе го оствари зацртаното и ветеното.
– Ни треба ли воопшто кампања за Коце Трајановски на овие избори? Ни треба ли воопшто и презентација на неговата програма по овие четири изработени години? Четири години со толку многу проекти, со толку многу дела, со остварено повеќе и од ветеното. Во една таква ситуација, довербата е така порасната што многу од луѓето и нема толку да ја гледаат програмата. Знаат дека дека Коце знае да вети и да оствари, знае да вети и да оствари многу повеќе од ветеното. Но, ајде, така е редот, сепак да ја презентираме програмата на актуелниот и идниот градоначалник на Град Скопје Коце трајнаовски, рече Груевски.
Потсети на тоа што се случуваше кога СДСМ требаше да го презентира својот кандидат за градоначалник на Град Скопје.
– Прво сите се надеваа дека ќе се нафати Стевчо Јакимовски. Се исплаши човекот, се повлече, се криеше, лево, десно, никаде го нема, а нели многу популарен, силен, јак. Потоа му се свртеа на Андреј, а тој во глувчешка дупка. На ред дојде Гордан. Гордан го снема. Па и се свртеа, да ја замолат Радмила да биде. Штрафта. Наспроти тоа му пратија абер преку медиумите на Бранко Црвенковски, „што па ти не бидеш“. Овој вика, „чекај, чекај сега уште тоа ми фали мене. На цело ова дереџе што го имам уште и во прв круг на локални избори да изгубам“. На крај, се мачеа, се преслушуваа, се криеја, се повикуваа преку медиуми, се обвинуваа и го одбраа Јани Макрадули за жртвено јагне на овие избори кој тргна да се промовира на чуден начин, со плачење, истакна Груевски.
– Малку инсинуирано плачење зашто претходните денови, претходниот период и години, го знаеме како човек кој зборува – ќе падне крв, ќе летаат глави, со прст се заканува, седи мирен итн. И одеднаш плаче човекот. И следниот ден пак продолжува, глави ќе летаат, ќе се сечат, крв ќе падне, жртви ќе има. Што е работата, си викаат луѓето, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.
Тој го опиша Трајановски како питом човек, неагресивен, но неуморен работник и пред се човек. Наспроти него, потенцира Груевски, имаме чиста спротивност, човек кој не може да се пофали со ниту едно дело во животот, не може да се пофали со тоа што го сработил, полн со агресивност, со зла крв, со закани.
– Човек кој луѓето га памтат по навреди во секоја можна прилика. Колку што може пожестоко да навреди некој, да го здоболи навредата ако може. Тоа е една ситуација на два различни света. Од една страна неуморен работник и неагресивен човек и човек кој сака да им помогне на сите луѓе, што може да им помогне. Човек кој живее со народот. Човек и кој покрај тоа што подолг период е во политиката и четири години градоначалник на Скопје, не се повлече во негоавта канцеларија и во удобната фотелја. Човек кој постојано беше на терен, човек кој на дневна база ги контролираше компаниите кои ги работат неговите проекти, на улица, на асфалт, онаму каде што се работи, каде што се копа, каде што се носат цевки, каде се спојуваат… Човек кој дневно беше на местото каде има потреба да биде, рече Груевски.
Наспроти него, додаде, има човек кој не го паметиме по нуту едно дело, агресивен и човек кој постојано се заканува и навредува.
Според Никола Груевски, Трајановски изминатиот период реализира многу проекти значајни за скопјани.
ФОТО: МИА