СЕХА лига: Металург поразен во Белорусија

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург загуби на гостувањето во Белорусија од Мешков Брест со 28:26 (15:14). Ова беше натпревар од 6.коло на СЕХА лигата, кој беше одложен во редовниот термин и во договор на двата тима со раководството се одигра денеска.

Металург добро го почна натпреварот и по 5 минути имаше водство од 3:0, а Брест првпат поведе во 17.минута со 9:8. На полувремето домаќинот ја задржа минималната предност – 15:14.

Во второто полувреме Брест постепено ја зголемуваше предноста и во 51.минута, ја имаше највисоката предност од 25:20. До крајот Металург успеа само да го ублажи поразот.

Со 6 голови во тимот на Брест најефикасен беше Љубо Вукиќ, додека кај Металург Дејан Манасков и Младен Ракчевиќ беа стрелци истотака на 6 голови.

Голманот на Брест Витали Чарапенка имаше 16 одбрани, а Дарко Станиќ 10.

Табела: Загреб 25 бодови (12 натпревари), Металург 24 (12), Вардар Про 23 (11), Мешков Брест 22 (11), Нексе 22 (12), Ловќен 20 (11), Татран Прешов 18 (11), Извиѓач 9 (12), Борац  7(12) и Слога 0 (12).

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска