Побаран притвор за две лица кои извршија рабојништво на бензинска пумпа во с. Велешта

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, 24-годишен жител на с. Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август годинава го извршиле во бензинската пумпа на Макпетрол , лоцирана во с. Велешта, струшко.

По интензивно преземање дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени беа лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.

Поради постоење на законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените лица.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ