Во Битола се одбележува Европската недела на мобилност

Од:

Општина Битола се приклучи на јавната кампања која во Европа ја реализираат 2.595 градови и кои ја одбележуваат европската недела на мобилност со посебен фокус на безбедноста во сообраќајот.

На иницијатива на регионалното географско друштво „Геосфера“ и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, локалната самоуправа ќе почне поставување на семафори на повик кои се во непосредна близина на фрекфентни улици во градот.

– Ја поддржувам оваа акција и потврдувам дека само со соработка со граѓаните и со невладините организации може да се дојде до вистински решенија за проблемите на граѓаните. Во локалната самоуправа го дектитиравме проблемот и едно од решенијата е поставување на сигнализација, а за вистинското решение ќе го испочитуваме предлогот на стручните лица, истакна градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Иницијативата за поставување семафори на повик на улицата „Васко Карангелески“, но и на други фрекфентни улици во градот ја претстави професорот Мите Ристов, претседател на РГД „Геосфера“-Битола.

– Според податоци на СВР-Битола на улицата „Васко Карангелески“, во сообраќајна незгода, полесно или потешко повредени се 38 пешаци, а најголем дел од нив се деца. Според нашата анкета 75 насто од граѓаните сметаат дека преминувањето на улицата која е со 4 ленти е крајно небезбедно за учениците бидејќи главна причина за тоа се несовесните возачи. Но, со поставување на семафор на повик ќе се зголеми безбедноста на пешаците, посочи Ристов.

Европската недела на мобилност во Битола за зголемена безбедност на пешаците во сообраќајот се одбележува под мотото „СТОП – сакам да поминам“.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани