Мајами го потврди продолжувањето на соработката со Вејд

Од:

Мајами Хит објави дека го продолжи договорот со трикратниот освојувач на НБА шампионскиот трофеј и легенда на клубот Двејн Вејд.

– Ние сме многу задоволни што Двејн одлучи да се врати. Верувам дека тој ќе даде голем придонес во играта на тимот, изјави претседателот на клубот, Пат Рајли.

26-годишниот Вејд играше за Мајами од 2003 до 2016 година. После тоа настапуваше за Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс со неговиот пријател Леброн Џејмс, а потоа на крајот од минатата сезона се врати во матичниот клуб.

Времетраењето на новиот договор на Вејд со Мајами не е обелоденето.

Вејд е трикратен НБА шампион (2006, 2012, 2013), за МВП играч на НБА финалето беше прогласен во 2006, додека со САД стана олимписки шампион во 2004 година.

Претходно, Двејн Вејд изјави дека сезоната 2018/2019 ќе биде последна за него во лигата.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот