Во Велес отворена изложбата на Агрон Салиу „Ризница од вредности и значења“

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Ризници од вредности и значења“ на Агрон Салиу, 33 годишен ликовен уметник од Тетово, кој првпат изложува во Велес.

Како што појасни пред присутните Анита Василкова Мидоска од Народниот музеј, организатор на изложбатa, презентирани се 35 дела во кои централниот мотив е портретот.

– Портретот е дел од уметноста преку кој Агрон Салиу ја креира длабоката психолошка, а пред се’ емотивна природа на ликот кој го презентира. Неговите творби во себе ја сплотуваат ликовната умешност и умешноста проткаена со предизвикот преку сопствениот ракопис и четка да ја презентираат човечноста на ликот.Кога велам човечноста тоа значи дека пред нас во неговите уметнички дела е распослана комплексноста на емотивноста и емоционалноста на човечкото битие,а тоа значи да го препознаеме плачот,среќата,смиреноста и рикот за живот во секое дело или во секој лик. Во неговиот колорит дури и светлината и темнината имаат улога на емоција, а дисторзијата на ликовите се во функција не само на уметничкиот израз, туку многу повеќе како рефлексија на човековата кршливост и немоќ која е проткаена во делото, а која го води набљудувачот низ емотивната и уметничка патека креирана во процесот на создавањето, појасни Василкова Мидоска.

Таа потенцира дека затоа „патеката која води кон вистината“ во овие дела е создадена од емоционалниот крик на ликот,емотивно-уметничка експресија на авторот и сензибилитет на гледачот и дека токму во духот на таа синергија треба да се набљудува и доживее изложбата и секој од посетителите да го понесе во себе највредниот дар од „Ризницата на вредности и значања“.

Во изјавата за медиумите на уметниот Агрон Салиу,потенцира дека е среќен и има чест што првпат изложува во градот на Рацин.

– Јас во портретите ги презентирам луѓето со кои што се дружам од разни социјални слоеви. Портретот го третирам повеќе од десет години и ликовите тука претставени се мои персонажи,а некогаш сликам и некој од моето семејство, зависи од моето расположение.Преку ликовите јас „пукам“ од моето незадоволство и моето задоволство, појасни авторот.

Неговите портрети се’ со едно и без ниедно око но сепак зрачат и гледаат.

– Тоа е така затоа што преку моите портрети е претставено незадоволството кај луѓето,зошто велат нема поќор од тој што не сака да гледа.Тоа е така на пример бидејќи младите имаат потешкотии за вработување и други проблеми и некои кои што им ги прават проблемите и јас затоа преку своите слики тоа го претставувам преку детали, а што е многу сложено да се претстави преку уметноста и така настануваат овие мои портрети,појасни авторот Салиу.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска