Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека саботажата со јагодите каде беа скриени игли за шиење претставува терористички чин.
Тој ги повика жителите на Австралија да прават колачи со јагоди за да им помогнат на производителите.
Морисон побара да се воведе построг закон и казната за контаминирање храна да се зголеми на 15 години затвор.
Од продажба се повлечени јагодите на шест произведувачи. Тревогата за прошири пред два дена кога беа пронајдени игли во јагодите низ сите шест австралиски совезни држави. Извештај за повредени нема, а полицијата трага по сторителот.