По отворањето на ретроспективната изложба на дела од Адем Кастрати во јуни, Националната галерија на Македонија денеска во објектот Даут-пашин амам ќе промовира монографија за овој уметник.
Кастрати (1933-2000) е еден од доајените меѓу албанските сликари во Македонија, кој најголем дел од животот го поминал творејќи во Скопје. Неговото име зазема значјано место меѓу ликовните уметници кои живееја и твореа на територијата на поранешна Југославија.
Роден е во косовското село Горно Карачево и припаѓа на првата генерација сликари по Втората светска војна. Бурните времиња во кои растел, созревал и се формирал како сликар, оставиле силна трага во неговото творештво.
Автор на монографијата за Кастрати е Миџаит Положани, а ќе ја промовира ликовниот критичар Соња Абаџиева.