Регионален состанок за унапредување на состојбата на децата во Западен Балкан и Туција

Од:

Заштита на децата од насилство и за унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост ќе бидат тема на дводневниот регионален состанок на претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција, Косово и Македонија што денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

За време на средбата, учесниците од седумте земји ќе разговараат за напредокот постигнат во рамките на регионалната акција, ќе ги споделат поуките и иницијативите што имаат потенцијал да станат модели за репликација, ќе ги идентификуваат останатите заеднички предизвици на земјите-учеснички, како и стратегиите за нивно решавање по завршување на акцијата.

Регионалната средба треба да ја отворат Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Џеновева Руиз Калавера, директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување во ЕК и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Скопје.

Во изминативе три години, седумте земји работат на јакнење на граѓанскиот сектор за подобро следење на реализацијата на детските права, промовирање на сеопфатни и иновативни услуги и зголемување на јавната поддршка за заштита на децата од насилство и за социјална инклузија на децата со попреченост.

Во напорите за борба против насилството врз децата и за унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија и Европската комисија се партнери во соработката на тригодишна програма со наслов „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија за децата со попреченост на Западен Балкан и во Турција“.

Повеќето земји-учеснички направија прогресивен чекор кон заштита на сите деца од различни форми на насилство преку зајакнување на правните рамки и воведување практични механизми за спроведување на овие закони со помош на национални планови за акција и координација на национално ниво.

Би можело да ве интересира

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас