Министерот за локална самоуправа, Сухејил Фазлиу денеска ќе учествува на конференцијата „Подобрување на општинското управување“, на која ќе бидат промовирани грантовите за 30 општини и за осумте плански региони.
Вкупната вредност на грантовите изнедува еден милион евра, средства од Европската унија.
На Конференцијата најавено е обраќање на постојаниот преставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, како и на претставникот на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини.